Македонката Андријана Петрушовска од Скопје, која е учесничка во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, се појави во храбра модна комбинација во саботното издание на шоуто.
Андријана на сцената се појави во бело боди, а телото ѝ беше излепено со самолеприви ленти како детали, кои го наподолнија нејзиниот изглед. На грбот имаше ангелски крилја.
Во шоуто Андријана се пласира во полуфиналето под менторство на Ѓорѓе Давид.