Глумецот Предраг Павловски наполни 53 години. За роденденот доби многу честитки од пријателите, некои му испратија пораки, некои објавија заедничка слика. Но, вниманието најмногу го привлече фотката што ја објави неговата сопруга, актерката Тања Кочовска.
„Среќен роденден колега“, напиша таа, а на сликата освен Тања и Предраг, се уште неколку други глумци.
Тања, која во јавноста е позната и по својот смисол за хумор, неодамна сама си го честиташе роденденот и тогаш објави видео на кое прави салто мортале и се фрла во вода.
(Видео) Tања Кочовска со салто мортале скокаше во вода: актерката ко цунами на 54 години