Џастин и Хејли Бибер прославија 4 години брак. Парот тајно се венчаше во септември 2018 година. Канадскиот пејач сподели црно- бела селфи фотографија на која тој и неговата сопруга лежат еден до друг со куче помеѓи нив.
„Среќна годишнина на мојата најдобра пријателка и сопруга Хејли Бибер. Благодарам што ме направи подобар во секој поглед“, напиша Џастин.
Исто така и Хајли објави фотографии на Инстаграм. Една од фотките беше од свадбата која се одржа во Јужна Каролина, а на превезот на Хајли пишува додека смртта не не раздели.
„4 години во брак со тебе. Најубавиот човек што некогаш сум го запознала, љубовта на мојот живот. Фала му на Бога за тебе”, напиша таа.
Парот во 2018 годиниа потврди дека тајно се венчале само два месеци откако се вериле на Бахамите на 7 јули 2018 година. На 30 септември 2019 година, парот прослави со поголема церемонија заедно со семејството и пријателите.
Летово, парот отиде на двонеделно патување на Бахамите откако на Џастин му беше дијагностициран синдромот Рамзи-Хант и беше принуден да го одложи американскиот дел од неговата светска турнеја Justice World. Пејачот оттогаш ги откажа сите преостанати емисии за да му даде приоритет на неговото здравје.