Цукенберг им плаќал на медиумите да пишуваат невистини за Тик Ток, со цел да ја сруши конкуренцијата

Цукенберг им плаќал на медиумите да пишуваат невистини за Тик Ток, со цел да ја сруши конкуренцијата

пред 3 години

Деновиве се појави извештај во кој е наведено дека компанијата на Марк Цукенберг, „Мета“ им плаќаа на медиумите да пишуваат разни невистини и лоши работи за нејзиниот конкурент „Тик Ток“. Поради овие пишувања, „Тик Ток“ би можел да биде забранет во САД и уште неколку земји.

„Тик Ток“ во 2021 година беше апликација која беше превзимана најмногу пати во светот, додека „Фејсбук“ постојано ги копираше сите нејзини добри работи и ги ставаше во „Месенџер“ и „Ватс ап“. а особено на „Инстаграм“.

„Вашингтон Пост“ на крајот на март, на основа на интерни мејлови во кој имаше увид, објави дека „Мета“ платила една од познатите консултантски фирми за да води кампања во САД осмислена да ја сврти јавноста против „Тик Ток“.

Како би ја постигнала целта, консултантската куќа испраќала коментари и писма до уредниците во најголемите медиуми и публикации, како би ширеле приказни и негативни трендови за кои се тврдело дека биле започнати од „Тик Ток“, а всушност биле дел од „Фејсбук“ мрежата.

Во писмата и текстовите испратени до американските медиуми биле повикани и локални политичари и уредници на политички и други рубрики, да пишуваат на штета на најголемиот конкурент на „Фејсбук“.

Консултантската куќа Targeted Victory, е една од најдобрите во тој домен и компанија и важи за консултант на Републиканската партија.

За време на кампањата на „Мета“, таа ги користела истите техники на работа што ги користеле и на претседателските избори во САД. Внатрешните е-мејлови до кои дошоле новинарите на „Вашингтон Пост“ покажале дека консултантите се обиделе да го прикажат „Тик Ток“ како опасност за семејствата и децата во САД.

Поради ваквите прикажувања, сега мрежата на „Тик Ток“ може да биде забранета не само во САД туку и во други земји. .

„Тик Ток“ е во сопственост на интернет компанијата ByteDance од Кина. Во 2020 година поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, се обиде целосно да ја забрани оваа мрежа, но тоа не се случи, за на крај Белата куќа да изгуби интерес за такво нешто.