Бебето кое 128 часа беше под урнатините по разорниот земјотрес во Турција, по 54 дена повторно е во прегратките на својата мајка.
Иако се зборуваше дека двомесечното бебе кое 128 часа беше под урнатините по земјотресот во Турција остана без мајка, се испостави дека жената е всушност жива и дека се лекувала во друга болница.
You probably remember this picture of the baby who spent 128 hours under rubble after an earthquake in Turkey. It was reported that the baby’s mom died.
Turns out, the mom is alive! She was treated in a different hospital. After 54 days apart and a DNA test, they are together… pic.twitter.com/T7B0paUFxL
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) April 2, 2023
Детето и мајката се повторно заедно по 54 дена. Бебето беше затрупано под урнатините во провинцијата Хатај, беше извлечено од урнатините во областа Искендерун и пренесено во болница.
Вистинското име на бебето кое нема ниту четири месеци е Ветин Бегдас, а лекарите кои се грижеле за него, два месеци, го нарекле Гизем. Бебето и семејството биле повторно споени благодарение на ДНК тестот кој ја докажал нивната поврзаност.
Oh Allah how great you are
A two-month-old baby rescued from the rubble after more than 128 hours in Hatay#earthquakeinturkey pic.twitter.com/PtNpRTqGIz— Hiba karm (@Hibakarm) February 11, 2023