Ќерката на Мајкл Овен ќе се натпреварува во шоу со многу сцени со секс

Ќерката на Мајкл Овен ќе се натпреварува во шоу со многу сцени со секс

пред 3 години

Ќерката на легендарниот британски фидбалер Мајкл Овен, Џема, ќе влезе во шоуто Love Island, кое е познато по големиот број на експлицитни сцени и сцени со секс. Иако за ова се збореше со месеци, таа целиот овој период негираше дека ќе се појави во него.

dobivaj vesti na viber

Таа рече дека се плаши од реакцијата на татко ѝ рече дека нејзиното појавување во шоуто е нешто што нема да му се допадне.

„Го гледам Love Island секое лето, но во моментов тоа не е нешто за што размислувам. Некои од предизвиците кои се појавуваат во шоуто се големи. Не сум сигурна дека би можела да бакнам десетина машки по ред. Но, мислам дека тоа е одлично шоу“, рече Џема.

„Во моментов не размислувам за дечковци и мојот татко нема да биде среќен кога ќе дојдам да му кажам дека ќе влезам во Love Island“, додаде таа.

Нејзиното појавување во шоуто беше потврдено и на официјалната страна на „Твитер“, а Џема призна дека има натпреварувачки дух како и Овен, пренесе британски Sun.

„Би рекла дека сум многу натпреварувачки ориентирана. Секогаш одам кон нешто што го посакувам“, рече Џема.