Фрлена кукла за секс ги исплаши туристите на плажа во Тајланд. Тие брзо повикале полиција, мислејќи дека станува збор за тело на жена без глава, пренесе ndtv.
Инцидентот се случил на плажата Банг Саен во провинцијата Чон Бури во источен Тајланд на 18 август. На фотографиите кои се објавени и на „Фејсбук“ се гледа куклата која лежи на плажата со маица навлечена преку горниот дел од половината.
Откако го откриле телото, вознемирените туристи повикале итна медицинска помош и полиција. Според портпаролот на полицијата, спасувачките екипи стигнале на лице место. Им било кажано дека млада жена лежела во несвест на плажата.
На почетокот куклата им изгледала како човечко тело, но потоа утврдиле дека станува збор за кукла. Таквите велат дека можат да се најдат на интернет за 550 евра, соопштија од полицијата.
Полицијата се сомнева дека куклата е фрлена во река или канал, а потоа испливила на плажа. За брзо била отстранета за да не ги вознемирува туристите.