Адријана Лима преку видео го откри полот на нејзиното трето дете, во кое нејзините ќерки Валентина (12) и Сиена (9) погодуваат дали е машко или женско. По одбројувањето, во воздухот се појави сина пудра што открива дека бебето е машко.
40-годишната манекенка има две ќерки со српскиот кошаркар Марко Јариќ, а во февруари објави дека го очекува нејзиното третото дете со партнерот Андре Лемерс.
Информацијата дека Лима е бремена по трет пат ја откри додека нејзиниот партнер Андре лежи во кревет, таа му приоѓа и му дава позитивен тест за бременост. Лима потоа покажа извадок од ултразвукот и додаде дека бебето пристигнува на есен.