(Видео) Арсовски: Единствената вина за лагите за ДУП-от кај Холидеј Ин ја носат Богдановиќ и Шилегов

пред 3 години

Лагите и лажните ветувања на СДСМ, Шилегов и Богдановиќ излегоа на виделина, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„ Цели 3 години СДСМ, Шилегов и Богдановиќ ги лажеа најбрутално центарци и скопјани дека ќе ревидираат ДУП-ови, ќе укинуваат градежни дозволи, ќе правеа јавни анкети, воведуваа лажни мораториуми кои како што се виде не функционираат и беа укинати, за на крај да не направат ништо од тоа и единствено да собираат ситни политички поени. Ова конкретно го мислам и говорам за ДУП-от кај Холидеј ИН и објектите кои треба таму да се прават.

Тоа е СДСМ. Најпрвин префрлаат топката Шилегов кај Богдановиќ, Богдановиќ кај Бочварски, Бочварски кај куририте за некои си писмо што не стигнало до општината, за на крај да сфатат дека не можат повеќе да ги лажат граѓаните на Ново Маало, Центар и Град Скопје и да ги издадат потребните дозволи за градба. Џабе лажење цели 3 години. Затоа ќе бидат казнети на овие избори“ нагласи Арсовски.

Тој ги обвини дека кога виделе дека не можат да излезат од сопствените лаги, веднаш ги ставиле во функција обвинителството, судството и сите останати дека ќе барале криминал. Според него, сето тоа е само за да ја замајат јавноста и да префрлат одговорност кај институциите.

„ Наспроти тоа имаа цели 3 години да го направат сето ова кое што го прават, и наспроти тоа единствени виновници за извисувањето на граѓаните и нивните лаги кои ги пласираа се само Шилегов, Богдановиќ и СДСМ, затоа што ги лажеа граѓаните за градбите кај Холидеј Ин. Јасни се намерите и лагите на СДСМ. Купување ситни политички поени, замајување јавност и ништо повеќе“ истакна Арсовски.

Затоа, овие избори треба да бидат казнети. Доволно ни беа лаги, доволни беа цели 4 години тапкање во место заради нив, заклучи тој.