Онана ги одбил Арсенал, се договорил со Лион

Онана ги одбил Арсенал, се договорил со Лион

пред 3 години

Андре Онана го одбил Арсенал и решил кариерата да ја продолжи во Франција. Онана, според локалните медиуми, веќе се договорил со Олимпик Лион.

Камерунецот ќе го потпише договорот кога Ајакс и Лион ќе се договорат околу обесштетувањето.

Ајакс, за голманот, бараат 10 милиони евра, Лион засега понудиле пола од сумата што ја бара спортскиот директор на клубот, Марк Овермарс.

Инаку, Онана не брани од ноември минатата година, кога доби суспензија поради допинг.

Онана на терените ќе се врати во септември.

Share
Scroll to Top