Короната влезе и во Интер

Короната влезе и во Интер

пред 3 години

Одбранбениот фудбалер на Интер, Данило Д`Амброзио е позитивен на коронавирусот, соопшти клубот од Милано
Според информациите, само дефанзивецот е меѓу заразените.

„Нероазурите“ во моментов се во одлична форма во Серија А, лидери се на табелата со +9 бода пред градскиот ривал, Милан. Сигурно се надеваат дека Ковид 19 нема да се појави и кај останати фудбалери.

Д`Амброзио сега се наоѓа во карантин, во својот дом.

Дефанзивецот на Интер во Милано е од 2014 година, а за „сино-црните“ одигра 186 натпревари и постигна 16 гола.

За „Азурите“ досега има шест настапи.

Share
Scroll to Top