Неверојатна сцена од Дакар – хеликоптер го „закачи“ второпласираниот камион

Неверојатна сцена од Дакар – хеликоптер го „закачи“ второпласираниот камион

пред 3 години

Дакар релито секогаш носи возбудувања, но и опасности, но никој не можеше да ја замисли сцената која се случи на последната етапа, кога камионот на Антон Шибалов, освојувачот на второто место со тимот на Камаз-Мастер имаше близок контакт со хеликоптер на организаторите при скок над една дина.

Во неверојатен инцидент, кој беше „фатен“ на камера, Камазот на Шибалов остана со оштетен покрив, откако хеликоптерот се спушти опасно ниско. Овој инцидент доаѓа откако на последниот дел од трката францускиот мотоциклист Пјер Шарпен почина од повреди на главата на релито, а индискиот мотоциклист Ц.С. Сантош уште е во медицински индуцирана кома.

Дмитриј Сотников првпат во кариерата триумфираше во пласман на камиони откако водеше во сите 12 етапи од трката, а Камаз-Мастерс  оствари 1-2-3 победа, Шибалов заврши втор, а Ајрат Мардеев на третото место. Ова е петти пат едноподруго Камаз да има 1-2-3 победа.

Share
Scroll to Top