Валбуена не се лути што Бензема е вратен во француската репрезентација

Валбуена не се лути што Бензема е вратен во француската репрезентација

пред 3 години

Поранешниот француски репрезентативец Матју Валбуена тврди дека не му се лути на селекторот Дидие Дешам за шокантната одлука да го врати Карим Бензема во репрезентацијата пред Евро 2020.

33-годишниот Бензема го доби првиот повик од Дешам по шест години, откако претходно беше игнориран поради сериозните обвинувања од Валбуена дека го уценувал со секс-лента, за што уште трае судски процес.

„Ако тој донесе квалитет во францускиот тим, тоа е добро за него. На теренот ќе се покаже тоа. На крајот, тоа е одлука на тренерот. Дидие секогаш ќе биде победник за мене, и ако француската репрезентација функционира ќе кажеме дека добро се адаптирал, ако не, ќе го обвинуваме. Тој знае како ја составува листата. Дали ми се јави да ми каже за Бензема? Не, но не го очекував тоа. Немам другите коментари“, вели Валбуена.

36-годишниот Валбуена, кој уште игра фудбал во грчкиот Олимпијакос, сепак, се лути за начинот на кој тој заврши со француската репрезентација.

„Во 2016, кога Дидие ми се јави да ми каже дека не ме повика за Евро 2016 поради спортски причини не верував во тоа. Тоа ме разочара, но сега одам понатаму“, вели Валбуена.

Share
Scroll to Top