Мунтеану: Интер му ја уништуваат кариерата на Раду

Мунтеану: Интер му ја уништуваат кариерата на Раду

пред 3 години

Поранешниот романски голман, Кристијан Мунтеану вели дека Интер му ја уништуваат кариерата на својот резервен голман Јонут Раду.

23-годишниот Раду помина низ академијата на Интер, а играше како позајмен фудбалер во Авелино, Џенова и Парма, но нема одиграно ниту еден меч за Интер оваа сезона, а бидејќи мечот на Интер со Сасуоло беше одложен сосема веројатно е дека Самир Хандановиќ ќе се врати по заразувањето со КОВИД да го спречи да го игра и тој меч.

„Многу сум разочаран за Раду, бидејќи да играше редовно, ќе беше романски број 1 следните 10 години. Наместо тоа, тој воопшто не игра. Се работи за голман со голем квалитет, висок, храбар и со добри рефлекси. За жал, тој е во ист тим како Хандановиќ, кој е еден од најдобрите на 37 години“, вели Мунтеану.

Share
Scroll to Top