Пепе: Роналдо е среќен во Јуве, сака да остане многу години таму

Пепе: Роналдо е среќен во Јуве, сака да остане многу години таму

пред 3 години

Соиграчот на Кристијано Роналдо во португалската репрезентација, ветеранот на Порто, Пепе вели дека ЦР7 е среќен во Торино и дека се надева дека ќе остане таму уште „многу години“. Пепе и Роналдо беа соиграчи во Реал Мадрид, но оваа година играа на спротивните страни – Пепе беше дел од тимот на Порто кој го елиминираше Јувентус од Лигата на шампионите.

„Да се врати во Португалија? Искрено, бидејќи добро го познавам, не сум сигурен дека ќе го толерира начинот на кој се зборува за фудбалот во Португалија. Мислам дека е многу среќен во Торино, каде што е најдобар стрелец во Серија А. Тие кои го критикуваат не знаат колку е невозможно тешко да се постигнуваат по 30 голови секоја сезона. Се надевам дека ќе остане таму уште многу години и дека ќе ја претставува Португалија во најдобро светло, како и секогаш“, вели Пепе.

Роналдо има 25 гола во Серија А оваа сезона, а вкупно во 126 меча за „бјанконерите“ има постигнато 97 гола.

Share
Scroll to Top