Екс-боксерски шампион заврши во притвор поради објава на Инстаграм

Екс-боксерски шампион заврши во притвор поради објава на Инстаграм

пред 3 години

Поранешниот боксерски шампион, Адриен Бронер кој беше на врвот дури во четири категории заврши во притвор на помалку бизарен начин.

Пред две години Бронер нападнал жена во ноќен клуб поради што бил осуден на две години условен затвор.

Жртвата го тужела и приватно, но Бронер износот од 830.000 долари никогаш не го платил затоа што ја уверил судијката дека банкротирал. На едно од рочиштата и донел извештај од банка на кое пишува дека на сметката има само 13 долари.

Сепак, екс-боксерот сам себеси се открил со објава на социјалната мрежа Инстаграм каде се гледа голема сума на пари.

Тој се обидел да се „извади“ велејќи дека парите им припаѓаат на негови богати пријатели, но судијката овојпат не поверувала и го испратила во притвор.
https://www.instagram.com/p/CG_048jBz0g/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Share
Scroll to Top