Ковачевски во работна посета на Кралството Белгија и ЕУ

пред 3 години

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска е во еднодневна работна посета на Кралството Белгија и ЕУ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тој во Брисел ќе има билатерална средба со премиерот на Кралството Белгија, Александар де Кро.

Работната посета на Ковачевски ќе продолжи со средба со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеф Борел, по што ќе следува и состанок со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Премиерот Ковачевски еднодневната посета на Брисел ќе ја заврши со средба на лидерите од земјите од Западен Балкан и со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеф Борел.