Во Русија спречен терористички напад на Денот на победата

пред 2 години

Руската новинска агенција РИА објави дека разузнавачката агенција ФСБ спречила терористички напад на Денот на победата, кој Русија го слави на 9 мај, во Калининград, руски регион во срцето на Европа.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

РИА пренесува дека симпатизер на Десниот сектор, организација забранета во Русија, подготвувал терористички напад и бил уапсен.

ФСБ соопшти дека уапсила руски државјанин, поддржувач на забранетата екстремистичка организација Десен сектор, бидејќи планирал да изврши терористички акт против воениот персонал на Денот на победата.

По терористичкиот напад, тврди ФСБ, тој планирал да замине во Украина за да „учествува во непријателствата против вооружените сили на Руската Федерација“.

Руските разузнавачи тврдат дека во домот на уапсениот Русин пронашле импровизирана експлозивна направа и симболи на Десниот сектор. Против него е поднесена кривична пријава за подготовка на терористички напад и нелегално производство на експлозиви, јави РИА.

Share
Scroll to Top