Нема продолжување на притворот за пејачот Ламбе Алабаковски, кој се сомничи за подметнувањето на пожарот во бугарскиот Културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Неговиот адвокат, Дарко Стефановски, информираше дека на пејачот му е одземен пасошот како мерка на претпазливост.
Претходно, на Алабаковски му беше одреден притвор со образложение дека постои можност за бeгство оти пејачот поседува двојно државјанство, македонско и на САД. Потоа, Алабаковски беше префрлен во куќен притвор, а спроведувањето до домот на Алабаковски го вршеше битолската полиција.
Тој се гони за предизвикување општа опасност.