Навални пренесен на непозната локација

пред 2 години

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални е префрлен од неговата затворска единица на непозната локација, соопшти неговиот сојузник Леонид Волков.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Не знаеме каде е сега Алексеј и во која затворска единица е одведен“, рече Волков, пренесе „Ројтерс“.

Алексеј Навални беше уапсен во јануари 2021 година, кога се врати од лекување во Германија, бидејќи претходно бил отруен со нервен агенс, за што ја обвини Москва.

Властите рекоа дека тој ја прекршил тригодишната условна казна затоа што поминал шест месеци во странство.

Во март оваа година, тој беше осуден на девет години затвор во одвоен случај, во кој се наведува дека ги измамил своите приврзаници барајќи донации од нив за да се кандидира за претседател, иако знаел дека претходната пресуда го дисквалификувала да биде на оваа функција.

Share
Scroll to Top