„Првпат би кажал дека можам да се сложам со Димитар Ковачевски дека М-НАВ е претворена во семејна фирма, но тој требаше да оди до крај и да каже дека тоа е семејна фирма на власта на ДУИ и на СДС, каде што, како што рековте, снаата на Артан Груби, сестрата на Бујар Османи и чичко и братучед на Љупчо Николовски се вработени таму, што и самиот го призна. Но и двајца зетовци и еден син на Ејуп Алими и на Беким Незири исто се вработени во М-НАВ“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска, одговарајќи на прашање на медиумите.
Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ на темата М-НАВ одржа серија прес-конференции.
„И досега за овие состојби имавме серија прес-конференции во кои М-НАВ го нарекувавме, а би рекол и со вистинското име – македонска неофицијална агенција за вработување на лицата од власта“, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека од ваквиот непотизам и бандитизам на народот му се лоши, но нанесува и непоправлива штета за Македонија.
„И токму од тука велиме дека никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме“, порача Стоилковски.
Текстот „М-НАВ е македонска неофицијална агенција за вработување на лицата од ДУИ и СДС“, вели Стоилковски е превземен од МАКФАКС.