СДСМ: Маските паднаа, Арсовска нема проект за бесплатен јавен превоз

пред 3 години

Данела Арсовска продолжува да ја манипулира јавноста дека имало достапни средства од европски фондови за набавка на 250 еко-автобуси, кои може да чинат и до милијарда евра, велат од градската организација на СДСМ.

Од таму обвинуваат дека кандидатката за градоначалник нема ни буџет, ни проект, а, како што велат, допрва планира да аплицира за европски средства кои ги добиваат само земји членки на ЕУ.

„Скопјани знаат дека нема бесплатен превоз, како што нема ни бесплатен ручек. Превозот се плаќа од буџетот на Град Скопје, а Данела одбива по стоти пат да каже колку ќе ги чини сите скопјани нејзината утописка идеја за бесплатен јавен превоз и 250 еко-автобуси“, се наведува во реакцијата во која се додава дека со ваквите неосновани ветувања Арсовска покажува дека не е никаква менаџерка и нема никаков конкретен проект за јавниот градски превоз.