Премиерот и владината делегација се поклонија пред Могилата на непобедените

пред 3 години

Премиерот Зоран Заев денеска ја предводеше владината делегација и заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, положи венци свежо цвеќе на споменичниот комплекс Могила на непобедените, во рамки на програмските содржини за чествување на празникот 11 Октомври – Ден на народното востание и по повод јубилејот 80 години од овој настан.

Со овој чин за оддавање почит и во знак на сеќавање, како и почит кон делото и хероите од народно-ослободителната антифашистичка војна, Владата во име на народот им оддава признание на првоборците од Прилеп и прилепско кои во воените дејствија дале 8.000 учесници, од кои 2.700 активни борци со оружје в рака, 650 жртви, 15 народни херои и 154 носители на признанието „Партизанска споменица 1941“ и кои заедно со своите другарки и другари од целата земја учествувале во војната за слобода од фашизмот и за македонска држава.

Share
Scroll to Top