Се намалува цената на мазутот, на бензинот и дизелот останува иста

пред 2 години

Регулаторната комисија за енергетика попладнево информира дека малопродажните цени на бензините и на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат, додека малопродажната цена на Мазутот од полноќ се намалува за 1,362 денар/килограм и сега ќе изнесува 53,159 ден/кг.

Од 19 март од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 53,159 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,622%, кај дизелот има зголемување за 0,663%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,867% и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 2,989%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,002%.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

Share
Scroll to Top