Со премиерата на операта „Норма“ и палењето на огнот пред платото на НОБ, вчеравечер беа отворени 50. Мајски оперски вечери.
var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);
На свеченото отворање, што се одржа на отворено, пред гостите говореа директорот на Операта, Васо Ристов, и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Тие ја истакнаа важноста на овој голем музички настан, ги спомнаа доајените на македонската опера, луѓето кои изминатите децении оставија белег на класичната музичка сцена. Ја потсетија публиката и на првата македонска опера „Гоце“, а потоа легендарната оперска певица Милка Ефтимова го запали огнот и го прогласи најголемиот оперски настан во годината за отворен.
Свеченоста продолжи со премиерата на операта „Норма“ од италијанскиот композитор Винченцо Белини. Благица Поп Томовска, Сандра Митровска и Ѓорѓи Цуцковски беа одлични во улогите на Норма, Адалџиза и Полионе. Ги водеше диригентот од Италија, Енрико Довико, кој неколку пати беше поздравен со силен аплауз. Единствениот впечаток го расипа ѕвонењето на мобилните телефони во публиката, поради што интервенираа и редарите во операта.
Меѓу љубителите на операта овој пат беа и поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски, актерката Весна Бејби дојде со својата мајка, а тука беа и фолк-пејачката Цветанка Ласкова, оперската певица Наде Талевска и други.
Мајските оперски вечери продолжуваат на 11 мај, со втората извведба на операта „Норма“.
А. Јовановска