Мицкоски на средба со шефот на австриската дипломатија: Македонија треба да биде дел од големото европско семејство

пред 2 години

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со шефот на австриската дипломатија, Александер Шаленберг.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што информираат од опозициската партија, на средбата се разговарало за актуелната политичко-економска состојба и за евроинтеграциските процеси на Република Македонија.

„Претседателот Мицкоски посочи дека Македонија треба да биде дел од големото европско семејство. Спроведувањето реформи и борбата против корупцијата мора да биде полето во кое ќе се вложи најголема енергија“, се наведува во соопштението за средбата, во кое се додава дека Мицкоски посочил дека активната блокада на Собранието е последица на животот во национална катастрофа во Македонија.

Share
Scroll to Top