Приведен дилер од тетовско за издржување на затворска казна

пред 3 години

34 годишен тетовец е приведен денеска заради издржување на три и пол годишна затворска казна.

Како што информира министерството за внатрешни работи, денеска околу 12.20 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 34-годишниот А.А. од тетовско Шемшово, осуден на три и полгодишна затворска казна за сторено кривично дело невовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаниции и прекурсори, казниво по Кривичниот законик.

Според надлежните по приведувањето, реализирано со судска наредба, А.А. ќе биде спроведен во затворот „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.

Share
Scroll to Top