Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското

пред 2 години

Германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, ја поздрави денешната посета на Македонија на бугарскиот премиер Кирил Петков. Тој на Твитер напиша дека Бугарија треба да го признае македонското малцинство, исто како што тоа го прави и Северна Македонија во однос на бугарското.

„ Многу е добро што се среќаваат премиерите на Бугарија и Северна Македонија. Како што Северна Македонија го признава бугарското малцинство, така мора и Бугарија веќе еднаш да ги спроведе пресуди на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и да го признае македонското малцинство во Бугарија. Ниту една земја во ЕУ не смее да одлучува за јазикот и културата на друга земја“ напиша Рот на Твитер.

Share
Scroll to Top