Протест за „Јавна соба“ – учесниците бараат да се казнат лицата кои објавувале експлицитни фотографии

пред 3 години

„Јавна соба“ е кривично дело, да се казнат лицата кои во Телеграм групата објавувале експлицитни фотографии од девојчиња без нивна дозвола, да се донесат законски измени, а Јавното обвинителство да не молчи. Ова се дел од пораките и барањата на учесниците на протестниот марш за случајот “Јавна соба”.

„Држава што угнетува е држава што силува. Силувачот си ти“, повикуваат демонстрантите движејќи се од МВР кон Јавното обвинителство.

На протестот присуствува и 28-годишната Ана, девојка која прва проговори за траумите што ги доживеала откако нејзини фотографии се најдоа пред очите на повеќе од 8 илјади членови.

За случајот „Јавна соба“ полицијата приведе четири лица и им ги одзеде мобилните телефони. Неизвесно е за кое кривично дело ќе одговараат тие.

Сличен случај се отвори и минатата година, а случајот се уште е во предистрага во обвинителството.

Share
Scroll to Top