(Видео) Капитенот Димитиревски и Рајо во 96.минута ја испуштија победата во Севилја

(Видео) Капитенот Димитиревски и Рајо во 96.минута ја испуштија победата во Севилја

пред 12 месеци

Севилја и Рајо Ваљекано ремизираа 2:2 во деветтото коло од шпанската Примера. На „Рамон Санчез Писхуан“ бод за Севилја спаси Јусеф Ен-Несири во 96.минута.

Фудбалерите на Рајо Ваљекано во првото полувреме стекнаа предност од два гола. Во 21. минута Оскар Валентин го постигна првиот гол, а пет минути подоцна, предноста ја зголеми Алваро Гарсија.

Севилја се мачеше во првиот дел, а во 35.минута тренерот Мендилибар реши да го замени капитенот Фернандо. Бразилецот лут поради измената, упати тешки збориви кон клупата и веднаш замина во соблекувалната.

Во паузата Мендилибар изврши уште две измени.

Во 50. минута со голот на Џибрил Соу, домашниот тим намали на 1:2. .

Следеше одлична теренска иницијатива на Севилја, која неуспешно напаѓаше кон голот на Димитиревски.

Кога се чинеше дека гостите ќе го земат целиот плен, Јусуф Ен Несири го искористи центаршутот на Ракитиќ и со глава, во последните секунди го постави конечниот резултат.

Севилја го освои осмиот бод и сега се наоѓа на 13. позиција во шпанската Примера, додека Рајо е седми со 13 поени.

Share
Scroll to Top