„Ви благодариме што не избркавте од државата, заминуваме и го менуваме името на клубот“

„Ви благодариме што не избркавте од државата, заминуваме и го менуваме името на клубот“

пред 7 месеци

Џерар Пике се најде во сериозни проблеми откако политичката елита на Андора одлучи од следната сезона ФК Андора, клуб во чии сопственик е поранешниот фудбалер на Барселона, да не игра на сегашната адреса на стадионот на Национал, пишуваат шпански медиуми.

ФКАндора е единствениот странски клуб во шпанскиот фудбалски систем и игра во вториот степен на фудбалот на земјата, односно Ла Лига 2 (Сегунда).

Пике мора итно да бара нов дом, бидејќи државниот секретар за спорт и млади на Андора, Ален Кабанес во саботата објави дека Национал оди во рацете на рагбистите.

„Ќе и помогнеме на Андора да најде нова локација. Свесен сум за ангажманот на клубот и ќе им ја дадеме сета можна поддршка, но не би било коректно да им дозволиме да играат на Национал поради договорот што го постигнавме со рагби тимовите и Фудбалската федерација на Арагонија“, изјави Кабанес.

Одлуката го налути Пике, кој смета дека е неправедно да се отпише неговиот клуб откако инвестирал во реновирањето на стадионот. Поранешниот дефанзивец на Барселона се огласи на социјалните мрежи и испрати жестока порака до владата на Андора.

„Инвестиравме повеќе од четири милиони евра во адаптацијата на националниот стадион, само за да ни дозволи Ла Лига да играме. Сега не бркате. Нема спортски објект во Андора со услови да се натпреваруваме и не можеме да го најдеме до следната сезона. Ви благодариме што не избркавте од земјата, немаме друг избор освен да одиме и да го смениме името на клубот. Честитки, ја оставивте Андора без професионален фудбал“, гласеше објавата на Пике на „X“, поранешен Твитер.

Share
Scroll to Top