Ковид-главоболки за Брестовац, сите вардарци во 10-дневна изолација

Ковид-главоболки за Брестовац, сите вардарци во 10-дневна изолација

пред 4 години

Коронавирусот кој се појави во редовите на ракометниот шампион Вардар му создаде големи главоболки и на селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац пред квалификациите за ЕП во Унгарија и Словачка, на престојните дуели против Финска на 4 ноември и Швајцарија 7 ноември.

На поширокиот список од 35 ракометари на Брестовац се најдоа голманите на Вардар, Ристовски, Кизиќ, потоа ракометарите Мишевски, Стоилов, Талески, Георгиевски, Димитриоски и Јагуриновски. Тие ќе бидат во 10-дневна изолација откако денеска двајца од „црвено-црниот“ табор се позитивни на Ковид 19.

И во Металург трае ковид – изолација откако и таму пред неколку дена се појавија позитивни на вирусот, па нема да можат да бидат на располагање за репрезентативните обврски Велко Маркоски, Мице Шилегов и Милан Лазаревски.

Останува да се искристализира сликата за тоа кој ќе може да настапи на квалификациските мечеви, па селекторот да го објави скратениот список за овие два дуели.