Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починати од коронавирус

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство.

Ова е најголем број на заразени лица на дневна основа од почетокот на пандемијата во Италија.

Во соопштението се наведува дека починале уште 221 лице и ова е првпат од средината на мај повеќе од 200 лица да починаат во Италија.

Од почетокот на пандемијата во оваа земја починале 37.700 луѓе, а вкупно заболеле 564.778 лица.

 

 

Share
Scroll to Top