Борис Џонсон и Олаф Шолц се залагаат за јасна порака до Русија, но и дијалог

пред 2 години

За време на денешните разговори, британскиот премиер Борис Џонсон и германскиот канцелар Олаф Шолц се согласија дека западните сојузници мора да испратат јасна и конзистентна порака до Русија за последиците од понатамошната инвазија на Украина.

Двајцата лидери се согласија и за важноста на дијалогот со Русија, со порака дека ќе се обидат да ги искористат сите дипломатски канали со кои располагаат за да се стави крај на сегашната тензија, се вели во соопштението од Велика Британија.

Премиерот Џонсон и канцеларот Шолц ја подвлекоа потребата сојузниците да испратат јасна и конзистентна порака до Русија, вклучувајќи ги и последиците од понатамошната руска инвазија на Украина, се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top