Бајден доаѓа во Европа, но нема да ја посети Украина

пред 3 години

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, денеска изјави дека не е планирано американскиот претседател Џозеф Бајден да отпатува во Украина следната недела, за време на неговата посета на Европа каде ќе присуствува на самитите на НАТО и ЕУ.

„Фокусот на патувањето ќе биде обединување на светот за поддршка на украинскиот народ и против инвазијата на претседателот Путин во Украина, но нема планови за патување во Украина“, напиша таа на „Твитер“, а пренесе Си-ен-ен.

Американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд изрази голем сомнеж во можноста Бајден да ја посети Украина следната недела кога ќе замине за Европа, велејќи дека колку што таа знае тоа не е во план.