Русија потврди дека важен командант загинал во Мариупол

пред 2 години

Руски официјални лица потврдија дека заменик-командантот на руската Црноморска флота, капетанот од 1. ранг Андреј Палиј, загинал во борбите во Мариупол, јавува Би-би-си.

Претходно беа објавени тврдења на Украина дека го убила во Мариупол, целосно опкружен град каде во моментот се водат најтешките борби.

Смртта на Палиј првично ја потврдил секретарот на Поморскиот колеџ „Накимов“, Константин Царенко на социјалната мрежа „Вконтакте“.

Подоцна, руски претставник од Севастопол, базата на Црноморската флота на Крим, рекол: „Севастопол претрпе тешка, непоправлива загуба… Палиј загина во битките за ослободување на Мариупол од нацистите“.

Гувернерот на Севастопол, Михаил Развожајев, на „Телеграм“ напишал: „Андреј Николаевич ја избра одбраната на татковината за животно дело и умре за нашата мирна иднина“.

Палиј е роден во Киев, но во 1993 година одбил да ја положи украинската воена заклетва. Наместо тоа, тој служел во руската Северна флота.

Претходно служел на рускиот нуклеарен ракетен крстосувач „Петар Велики“. Тој бил и заменик-шеф на Руската поморска академија во Севастопол, во анектираниот Крим.

Share
Scroll to Top