Болсонаро ќе мора да ѝ плати отштета на новинарката која ја обвини дека нудела секс во замена за информации

пред 4 години

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро мора да плати надомест на новинарката за понижувачки изјави против неа, се дозна во неделата од судското досие до кое пристам имала афенцијата Франс-прес (АФП).

Според одлуката на судот во Сао Паоло, Болсонаро ќе треба да плати 20.000 реали (3.500 американски долари) на Патриција Кампос Мело, новинарка на угледниот дневен весник „Фолха де Сао Паоло“.

Судија на 16 март пресуди дека лидерот на десницата ја нарушил честа и нанел морална штета на новинарката што го тужела претседателот.

Болсонаро може да ја обжали пресудата.

Во февруари минатата година, Болсонаро инсинуираше дека Кампос Мело му нудела секс на еден извор во замена за негативни информации за него.

Новинарката има напиша неколку истражувачки написи за организација која во 2018 година, за време на претседателската кампања, ги клеветела ривалите на Болсонаро преку апликацијата „Ватсап“.

Во јануари, таа победи во правна битка против синот на Болсонаро, Едуардо, кој мораше да плати 30.000 реали (5.600 американски долари) како надомест за нанесената морална штета, откако тој рече дека Мело се обидела да заведе извор за да извлече штетни информации за неговиот татко.