Во Скопје санкционирани 148 возачи, од кои 91 за брзо возење

пред 3 години

Полицијата вчера продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 91 санкција, седум за возење без возачка дозвола, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци.

„Изречени се три санкции за користење мобилен телефон, осум за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири за некористење сигурносен појас и 14 за непрописно паркирани возила. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови“, велат од МВР.

Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Share
Scroll to Top