Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека очекува американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин денеска да го посетат Киев.
Белата куќа не ги коментираше плановите, но портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс изјави за Би-Би-Си за војната во Украина.
Тој утрово изјави дека е убеден оти Зеленски ќе ја добие војната.
– Ова ќе биде победа за Украина, ќе биде стратешки пораз за Русија – рече тој.
На прашањето дали САД и нивните сојузници обезбедуваат доволно тешко оружје, Прајс рече:
– Испративме токму она што им е потребно на нашите украински партнери за да се одбранат од оваа руска агресија.