Познат астрофизичар верува дека НЛО технологија паднала во Пацификот

Познат астрофизичар верува дека НЛО технологија паднала во Пацификот

пред 2 години

Контроверзниот астрофизичар Абрахам Ави Лоеб верува дека НЛО технологија, паднала во Пацификот. Тој сега сака да подготви мисија и да го пронајде она во што тој верува дека е технологија направена од вонземјани и за која верува дека лежи на дното на Тихиот океан, пренесе „Њујорк пост“.

Лоеб верува дека меѓуѕвездениот објект кој паднал на Земјата уште во 2014 година е со форма на некакво вселенско летало. Извештајот од американската вселенска команда (USSC) објавен минатата недела потврдило дека објектот е од друг ѕвезден систем, но дека тоа е метеор.

Агенцијата заклучила дека метеорот се пробил низ небото кај брегот на островот Манус, Папуа Нова Гвинеја. Професорот Лоеб пак смета дека тука има нешто повеќе од тоа. Во средата тврдел дека објектот веројатно е направен од вонземјани.

„Нашето откритие на меѓуѕвездениот метеор најавува нова истражувачка граница“, напишал Лоеб кој е астрономот од Харвард во есејот The Debrief.

„Основното прашање тука кое се поставува е дали некој меѓуѕвезден метеор може да укаже на состав кој е недвосмислено со вештачко потекло. Или уште подобро прашањето е дали некои технолошки компоненти би го преживеале ударот“, рече Лоеб.

Тој има поминато децении проучувајќи ја астрономијата, а од неодамна своите погледи ги свртел кон можноста дека постои живот и надвор од Земјата. Неговите смели тврдења често можат да се видат и на насловните страници на некои од светските магазини.

Тој сега се соочува со критики од другите негови колеги поради неговите чудни вонземски теории. Работејќи со студент на Харвард, проф. Лоеб бил астрономот кој пред неколку години го идентификувал објектот како меѓуѕвезден.

Двајцата напишале труд за овој настан, но им било наредено да не го објавуваат бидејќи користеле доверливи владини податоци за нивното истражување. Откако УССЦ го потврдил нивното претчувство на 7 април, Лоеб побарал да направи експедиција за да види што останало од објектот.

Во својот есеј тој забележал дека е можно да се направи експедиција за пронаоѓање со помош на магнети и да се истражи областа од 10 квадратни километри на Тихиот Океан каде што се смета дека објектот слетал.

„Мојот сон е да притиснам некои од копчињата од опремата во објектот кој е направен од вонземјани и кој е создаден надвор од нашата Земја“, додаде тој.

Лоеб кој е познат по својата контроверзност има направено истражување за црните дупки, вселенското зрачење, раниот универзум и други теми од оваа област. Минатата деценија негов фокус била темата за можноста Земјата да била посетена од вонземјани.

Тој тврдел дека Оумуамуа – меѓуѕвездениот објект што поминал низ Сончевиот систем во 2017 година е технологија испратена од вонземјани. Тој објавил и книга минатата година „Што ќе се случи ако пештерскиот човек видел мобилен телефон?

„Целиот живот тој гледа карпи и наеднаш би помислил дека тоа е само сјајна карпа“, рече Лоеб.

Тој ги критикуваше и астрономите кои тврделе дека станува збор за комета. Многу негови колеги ги отфрлија неговите чудни тврдења, означувајќи ги како неодговорни.

Лоеб го предводи проектот „Галилео“, кој има за цел да воспостави мрежа на напредни телескопи кои ќе го скенираат небото за знаци на вонземски живот. Оваа статија првично се појави во британски „Сан“.

Share
Scroll to Top