Три месеци пред изборите – Макрон има најголема поддршка од Французите

пред 3 години

Актуелниот француски претседател Емануел Макрон ја ужива популарноста на 38 отсто од Французите три месеци пред првиот круг на претседателските избори, а неговата популарност е поголема од неговите претходници во истиот период, објави париски Фигаро резултатите од новата анкета.

И покрај фактот што Макрон неодамна предизвика контроверзии велејќи дека ќе им го отежне животот на оние кои одбиваат да ја примат вакцината против коронавирус, неговата популарност не опаѓа, а со 38 проценти од популарноста, Макрон е во релативно удобна позиција пред првиот круг.

Неговите претходници овој период не ја уживаа истата популарност, на околу три месеци пред изборите.

Социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд беше популарен кај само 19 отсто од Французите, додека десничарскиот претседател Никола Саркози имаше 29 отсто од француската поддршка.

Претседателските избори во Франција ќе се одржат во два круга, на 10 и 24 април.