Шолц: Преговорите за безбедност со Русија се сложени, но неопходни

пред 2 години

Преговорите на западните земји со Русија за безбедноста се сложени, но подеднакво неопходни за постигнување заедничка безбедност во Европа, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

– Важно е и што сега гледаме бројни преговарачки формати – меѓу Русија и САД, во рамките на Советот Русија-НАТО, се водат преговори во ОБСЕ, во обид да се најде конструктивен начин. Тешко е – сите го гледаат тоа.

Но, тоа е подеднакво важно, рече Шолц на прес-конференција во Берлин по разговорите со холандскиот премиер Марк Руте.

Во средата во Брисел се одржа состанок на Советот Русија-НАТО. Средбата уследи по разговорите за безбедносните гаранции меѓу Русија и Соединетите Држави, одржани 9-10. јануари во Женева.

Во четвртокот по седницата на Советот Русија-НАТО се одржаа консултации за виенската платформа на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Повод за разговорите е нацрт-договорот за безбедносните гаранции што Москва во декември го испрати до Вашингтон и неговите сојузници.

Русија постојано ги негираше обвинувањата на Западот и Украина за „агресивни дејствија“, велејќи дека никому не се заканува и нема намера никого да нападне, а изјавите за „руска агресија“ се користат како изговор за трансфер на уште поголема воена опрема на НАТО во во близина на руската граница.

Share
Scroll to Top