Белгија протера екстремисти кои сакале да го запалат Куранот

пред 3 години

Белгија протера пет дански активисти на крајната десница за една година поради нивните планови за палење на Куранот во муслиманскиот дел од Брисел.

Државниот секретар за азил, Сами Махди, ги нарече сериозна закана за јавниот ред, пренесува „Би-би-си“.

Според нивната страница на Фејсбук, тие биле соработници на данскиот крајно десничарски политичар Расмус Палудан.

Палудан беше протеран од Франција откако на „Фејсбук“ напишал дека му рекол на францускиот конзулат во Копенхаген дека ќе го запали Куранот кај Триумфалната капија во Париз на 11 ноември.

Во изјавата не се споменува Палудан по име, но се вели дека неодамна беше уапсен друг маж во Франција од истата причина.

Во август, приврзаниците на Палудан го запалија Куранот во јужниот шведски град Малме, предизвикувајќи насилни протести и судири со полицијата.

Share
Scroll to Top