Почина надбискупот Дезмонд Туту, јужноафриканскиот борец против апартхејдот

пред 2 години

Надбискупот Дезмонд Туту, добитник на Нобеловата награда за мир, кој придонесе за завршување на апартхејдот во Јужноафриканската Република, почина на 90-годишна возраст, потврди претседателот Кирил Рамафоза во соопштението.

„ Смртта на Туту означува ново поглавје во жалоста за простувањето на нашата нација од генерација на исклучителни Јужноафриканци чие наследство е слободна Јужна Африка“, рече претседателот.

Туту се сметаше за личност која ја одразува совеста на белите и црните жители на оваа земја, што е трајно наследство на неговата вера и духот на помирување во поделената земја.

Share
Scroll to Top