Завршија преговорите помеѓу Украина и Русија – светот во исчекување

пред 2 години

Како што пренесуваат светските медиуми, завршија преговорите помеѓу Украина и Русија, кои се водеа во Белорусија. Преговорите чиј исход го чека целиот свет траеја околу три часа.

Засега се знае само дека се завршени, но се уште не е соопштено дали и што е постигнато во тие преговори.

Украинската делегација на преговорите бара повлекување на сите руски војници, вклучително и Крим и Донбас – изјави советникот на шефот на претседателскиот кабинет Арестович.

Преговорите меѓу Русија и Украина започнаа денеска во регионот Гомел, потврди руското Министерство за надворешни работи. Делегациите беа пречекани од Владимир Макеи, шеф на администрацијата на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„ Можете да се чувствувате целосно безбедни. Тоа е наша света должност!“, рече Мекеј, пренесува „Украинска правда“.

Весникот наведува дека почетокот на средбата бил емитуван на интернет, но дека преносот подоцна бил исклучен на барање на руската страна.

Руската делегација ја предводи советникот на шефот на државата Владимир Медински, а во неа се и заменик министерот за надворешни работи Андреј Руденко, заменик министерот за одбрана Александар Фомин и претседателот на Комисијата за меѓународни прашања на Думата Леонид Слуцки.

Министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников е на чело на украинската делегација во која се советникот на началникот на Генералштабот Михаил Подољак, лидерот на слугата на народот Давид Арахамија, министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников, шефот на украинската трилатерална контакт група Андреј Костин, пратеникот Рустем Умеров и заменик министерот за надворешни работи Николај Точицки.

Share
Scroll to Top