(Oд минута во минута) Сирени за тревога се огласија во повеќе градови, Зеленски со порака до производителите на нафта

пред 3 години

Денеска е 30-ти ден од руската инвазија на Украина.

 

Најновите вести од минута во минута следете ги на Макфакс:

09:47 Зеленски до производителите на нафта: Зголемете го производството

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика земјите производители на нафта и гас да го зголемат производството за да не може Русија да ја користи својата нафта и гас за да уценува други нации, пишува Ројтерс.

09:45 Сирени за тревога се огласија во повеќе градови

Сирените за воздушни напади се огласија во многу градови низ Украина, објавија локалните медиуми. Некои од градовите каде се слушаат сирени за тревога се Киев, Черкаси и Кропивницки во централна Украина, Запорожје и Днепар на југоисток, Житомир на исток и Харков и Суми во североисточните региони на Украина.

09:30 Медведев: Западните санкции ќе го консолидираат руското општество

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик претседател на Советот за безбедност на ОН, Дмитриј Медведев, изјави дека западните санкции ќе го консолидираат руското општество и нема да предизвикаат незадоволство кај владата.

09:00 Во Украина од почетокот на војната загинале 136 деца, велат од украинското обвинителство

Од почетокот на руската инвазија врз Украина досега загинале 136 деца, се наведува во соопштението на Украинското државно обвинителство, пренесоа британските медиуми.

Од нив, 64 биле убиени во регионот на Киев, а 50 во регионот на Доњецк.