Викенд-хороскоп за 26 и 27 март: Девицата е незадоволна, љубовни проблеми за Стрелецот

Викенд-хороскоп за 26 и 27 март: Девицата е незадоволна, љубовни проблеми за Стрелецот

пред 2 години

Овен

Викендот ќе ви помине во завршување на обврските што не сте успеале да ги завршите во текот на неделата. Време за некои други активности или дружење ќе немате. Доцните часови ќе ги поминете со вашиот партнер.

Бик

Викендот ќе ви помине онака како што ќе сакате. Би требало ова да биде еден убав викенд, поминат во друштво на една личност што ви подарува многу внимание. Тоа ќе ви годи и ќе сакате повеќе од пријателски однос со неа.

Близнаци

Посветете се на себе, на своите желби и потреби, а најмногу на одморот. Сите ви се поважни, но вие треба да се ставите на прво место. Викендот би можел да ви донесе и ситуации во кои ќе треба да им се посветите на личности што немаат големо значење во вашиот живот.

Рак

Викендот нема да поминете во некое предобро расположение бидејќи постојат работи што ве мачат и за кои нема со кој да зборувате. Но, обидете се да најдете некој бидејќи ќе почувствувате големо олеснување. Можеби ќе наидете на разбирање и добар совет.

Лав

Не може да очекувате нешто од другите што ни вие самите не сте во можност да го направите. Без оглед на тоа, коге вие сте во прашање, сметате дека треба да ви излезат во пресрет. Викендот ќе ви донесе интересна средба со блиска личност.

Девица

Можно е да се чувствувате незадоволство бидејќи сега, кога имате слободно време и денови, вие повторно ќе ги поминете дома. Со самото тоа нема да ви се случи ништо посебно и тоа би можело да ви создаде нервоза. Договорете некоја попладневна средба.

Вага

Викендот би можел да ви донесе позитивни случувања. Она што е поважно од тоа е дека ќе се чувствувате добро бидејќи, конечно, во својата глава ги решивте работите што ве кршеа. Најдобро е да прифатите дека на некои работи не може да влијаете.

Шкорпија

Викендот ќе ви донесе случувања што воопшто не ги очекувавте. Некој ќе ви изјави љубов и ќе ви го признае она што го чувствува кон вас. Во прв момент ќе бидете шокирани бидејќи не би се надевале на вакво нешто од таа личност. Доколку сте слободни, препуштете се.

Стрелец

Викендот би можел да биде турбулентен кога се во прашање љубовните односи. Не впуштајте се и оддалечете се од непотребни расправии, кои би можеле да ви создадат главоболки. Посветете се на себе и на своето хоби, како и на обврските што ги немате завршено во текот на неделата.

Јарец

Ѕвездите имаат нагласување на љубовта, што значи дека ќе поминете убави денови и моменти со саканата личност. Тоа е она што најчесто и ви недостига бидејќи, поради многуте обврски, немате често такви моменти. Уживајте.

Водолија

Викендот ќе ги исполни вашите очекувања. Секако, позитивните. Ве чека убав викенд и дружба со вашите драги луѓе и, секако, со саканата личност. Ќе имате доволно време и за одмор. Ништо неочекувано не би требало да се случи.

Риби

Имате збрка во главата и не знаете за што попрво да размислувате и од кој проблем да почнете за да го решите. Едноставно, окупирајте се со нешто што ве прави среќни и нешто што ќе направи за миг да заборавите на сите маки. Некое хоби, добар филм, некоја онлајн-игра или, едноставно, прошетка.

Share
Scroll to Top