Пронајдени остатоци од холивудскиот глумец Џулијан Сендс кој исчезна во јануари

Пронајдени остатоци од холивудскиот глумец Џулијан Сендс кој исчезна во јануари

пред 10 месеци

Во саботата, група планинарите забележале човечки остатоци во областа на планината Балди во Калифорнија за кој се верува дека му припаѓаат на холивудскиот глумец Џулијан Сендс.

Откако ги пронашле веднаш го известиле шерифот на округот Сан Бернардино, соопштија од канцеларијата на шерифот, а пренесе „Си-ен-ен“.

Познатиот британски актер Џулијан Сендс, во јануари исчезна во таа област. Сендс беше да планинари и шетал во дивината на Јужна Калифорнија. Потрагата по него започна откако подолго време се немаше вратено. Беа вклучени десетици припадници на спасувачките сили.

Сепак, поради лошите временски услови и мразот, акцијата беше прекината во период од неколку недели, а потоа продолжи кога условите се подобрија. Беа активирани хеликоптери и дронови, но безуспешно.

Посмртните останки кои сега се пронајдени се испратени на идентификација, а резултатите ќе бидат познати следната недела.

За потсетување, Сендс одигра важни улоги во осумдесеттите години во воениот филм Killing Fields и романтичната драма Room with a View. Често глумеше негативец како што е демонот Ворлок или научникот кој ѝ ги ампутира екстремитетите на девојката во која се заљубува, во филмот „Бокс Хелена“.

Сендс има жена и три деца, а планинарењето му било страст.

Share
Scroll to Top