Продавав палачинки и му ги праќав парите на син ми да го оствари својот сон: Ѓоковиќ по шести пат го освои Вимблдон

Продавав палачинки и му ги праќав парите на син ми да го оствари својот сон: Ѓоковиќ по шести пат го освои Вимблдон

пред 3 години

Ѓоковиќ по шести пат го освои Вимблдон. И уште еднаш докажа дека е крал на белиот спорт.

Новак Ѓоковиќ по шести пат го совои Виблдон. Тенискиот ас се изедначи со Роџер Федерер и Рафаел Надал како тенисер со најмногу освоени гренд слемови. Но, српскиот лесно не стигнал до овие титули. Неговата мајка Дијана Ѓоковиќ во една пригода ја раскажа нивната приказна. Таа иако не сака да се експонира во медиумите и целосно е посветена на семејството, сепак во едно интервју призна дека целиот живот го посветила на децата. Но и дека не ни насетувала дека Новак ќе биде тениски ас.

Кога со нејзиниот сопруг сфатиле дека нивниот син е исклучително талентиран, направиле сѐ што за да му помогнат да го оствари својот сон. На патот кон успехот се соочувале со многу бариери, минале тешки денови. Дијана во едно интервју за хрватскиот „Вечерни лист“ откри дека семејството во 90-тите било на работ на банкрот поради кариерата на Новак. Родителите на Ноле имале ресторан на Копаоник и тоа им бил единствен извор на приходи, а Дијана не крие дека биле на чекор да се повлечат.

„ Имаше моменти кога мислевме дека финансиски не можеме повеќе да издржиме. На крај некако се снаоѓавме. Тоа беше единствен начин нашиот син да успее. Тој тоа не го знаеше и не требаше да го знае. Не го оптоварувавме дали имаме или немаме. За него мораше да имаме. Седумнаесет години работев во ресторанот, од 10 до 16 часа. Правев палачинки, работев на шанк, правев пици. Срѓан патуваше со него, а јас им ги праќав сите пари што ќе ги заработев. На крајот се исплати, но можеше да биде и поинаку“,  раскажа таа за „Вечерњи лист“.