Само скапи гости за концертот на Саша Ковачевиќ во Охрид

Само скапи гости за концертот на Саша Ковачевиќ во Охрид

пред 3 години

Саша Ковачевиќ на 17 јули ќе одржи концерт на плажата Аквалина во Охрид. Организаторите I-Vents Events најавуваат спектакл под отворено небо, но фановите на српскиот пејач велат дека концертот е изгледа само за скапи гости.

Во ултра вип понудата организаторите наплаќаат шест влезници со шише скап алкохол (по избор) за 30.000 денари. Вип понудата е поевтина и чини меѓу 6 и 12 илјади денари, зависно од пијалакот, плус влезница од 1.000 денари за човек.

Ковачевиќ, кој важи за еден од омилените пејачи во регионот, често настапува во Македонија. Тој вели дека секогаш кога ќе дојде тука си поминува одлично, затоа што македонската публика е една од најдобрите.

Share
Scroll to Top